Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел смета дека е неприфатливо да се палат возила на северот на Косово кои се пререгистрирани од српски на косовски таблички. Оваа оценка тој ја даде по денешната средба со премиерот на Косово, Албин Курти. „Разговарав за ситуацијата на северот на Косово. Нарушувачките дејства, како палење автомобили, се неприфатливи“, објави Џозеп Борел на Твитер. Тој ги повика сите страни на воздржаност и почитување на сите договори постигнати во рамките на бриселскиот дијалог. Средбата меѓу Борел и Курти се одржа во Берлин каде што се одржува самитот во рамки на Берлинскиот процес.
Во Косово запален уште еден автомобил пререгистриран со таблички РКС
На северот на Косово во последните неколку недели се забележани четири случаи на палење возила со регистарски таблички РКС (Република Косово) во сопственост на припадници на српската заедница. Косовските власти овие настани ги нарекоа „заплашување“. Владата на Косово бара од локалните припадници на српската заедница да ги пререгистрираат табличките КМ (Косовска Митровица), кои се нелегални за Приштина, а кои досега се толерираа само во општините на север, каде што мнозинството се Срби.
Српската војска во состојба на готовност поради ситуацијата на Косово
Владата на Косово најави дека планот за пререгистрација на РКС (Република Косово) ќе се спроведува во три фази во периодот од 1 ноември до 21 април. Во првата фаза возачите се само опоменати, во втората може да платат казни од 150 евра, додека во третата ќе се издаваат пробни таблици. Од 21 април 2023 година ќе може да се користат само таблички РКС.