Скопската полиција денеска привела едно лице со иницијали Н.Н., поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје. Полицијата не ја соопшти возраста на уапсениот.
Девет училишта во Скопје денеска на е-маил добија закани за поставени бомби, но полицијата утврдила дека сите се лажни пријави.
Училиштата биле евакуирани, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Пред скоро две недели имаше лажна закана за бомба во автобусите на ЈСП, по што беа повлечени од сообраќај и додека траеја проверките немаше градски превоз. За лажната дојава беше уапсен вработен во ЈСП, кој на тој начин протестирал што нема плата.
Минатата недела три дена по ред имаше лажни дојави за бомби во средни училишта во Скопје.
Во изминативе месеци има лажни дојави за бомби и во други земји во регионот.