Косовската полиција соопшти дека во раните утрински часови бил опожарен автомобил со таблички РКС (Република Косово) сопственост на припадници на српската заедница од Зубин Поток. Ова е четврти случај на палење имот на лица со регистарски таблички РКС, што косовските власти го карактеризираат како „заплашување“. Последен пат сличен инцидент се случи на 27 октомври, кога на територијата на општина Лепосавиќ беше запален автомобил кој беше пререгистриран во РКС. Од косовската полиција наведуваат дека остануваат посветени на спроведувањето на законот, а наведуваат дека случајот со палењето на автомобилот ќе се истражува и расветлува. „Ги повикуваме сите граѓани, без разлика, на соработка со косовската полиција, која континуирано ќе се грижи за безбедноста на сите граѓани со цел да се зачува редот и јавниот мир и да се откријат ваквите кривични дела“, се наведува во соопштението.
Српската војска во состојба на готовност поради ситуацијата на Косово
Вчера косовските власти почнаа да го спроведуваат планот за пререгистрација на возилта. Главно се работи за КМ (Косовска Митровица), кои се нелегални за Косово, но досега се толерирани само во општините на север, каде живее мнозинско српско население. Планот на Владата на Косово за пререгистрација ќе се спроведува во три фази, од 1 ноември до 21 април.
Србите на Косово одбиваат да ги пререгистрираат возилата
На 31 јули, прашањето за пререгистрација на автомобили предизвика тензии на северот на Косово, кога локалните Срби подигнаа барикади. Затоа на иницијатива на меѓународната заедница и за деескалација на ситуацијата Косово ја одложи одлуката за пререгистрација за еден месец. САД и ЕУ сега повторно побараа од Косово да го одложи ова прашање за уште десет месеци. Од друга страна, официјален Белград бара договор за ова прашање, односно враќање на статусно неутралните таблички КС во употреба.