Вучевиќ: Вучиќ нареди подигање на борбената готовност, земајќи го предвид искуството на украинскиот фронт

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ денеска изјави дека претседателот Александар Вучиќ издал наредба за зголемување на борбената готовност веднаш откако биле забележани беспилотни летала кои влегуваат на територијата на централна Србија од Косово, „земајќи го предвид искуството на украинскиот фронт“, за да нема административни одложувања во синџирот на команда. Вучевиќ за РТС изјави дека Вучиќ по повод појавата на беспилотни летала „издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под наша контрола“, но дека; авионите Миг-29 не се направени за беспилотни летала, туку за „патролирање на нашето небо“.

Српската војска во состојба на готовност поради ситуацијата на Косово

Вучевиќ изјави дека сите набљудувани дронови потекнуваат од; два правца од Косово, по линијата на копнената безбедносна зона, со „повремени влегувања на територијата на централна Србија и обиди за набљудување на положбата на единиците на српските вооружени сили и одредени објекти“. Тој додаде дека „армијата на Србија има информации“ дека беспилотни летала не биле забележани само во округот Рашка, туку и во областите Топлич и Нишава.