Јужнокорејската војска денеска истрела три прецизни проектили како одговор на севернокорејската ракета што падна во близина на водите на Јужна Кореја“, се вели во соопштението на јужнокорејската војска во кое се додава дека Сеул „остро ќе одговори на секоја провокација“. Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една падна недалеку од територијалните води на Јужна Кореја, а Сеул одговори со три ракети воздух-земја. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол го осуди нападот.
Во соопштението на претседателот на Јужна Кореја се вели дека севернокорејска ракета ја преминала северната гранична линија за прв пат по поделбата на полуостровот.