Излезните анкети по вчерашните парламентарни избори во Израел покажуваат дека поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите сојузници освоиле доволно пратенички мандати. Така, националистичката и религиозна власт би се вратила на власт по три и пол години политичка стагнација. Анкетите на трите најголеми израелски телевизиски канали покажуваат дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе имаат мнозинство од 61 од 120 пратеници потребни за формирање нова влада, пренесе АП. На овие избори, петти за помалку од четири години, конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху е на првото место со 30 до 31 пратеник, пред централистичката партија „Да Атид“ (Има иднина) на премиерот во заминување Јаир Лапид, која е се очекува да има од 22 до 24 пратенички мандати.
Израелците по петти пат во последните три и пол години на парламентарни избори
Партијата на ултрадесничарскиот пратеник Итамар Бен-Гвир „Религиозен ционизам“ е трета со 14 пратеници. Тој вети цврст однос кон Палестинците и побара да биде министер за полиција. Четврта според резултатите е централно-десничарската партија на министерот за одбрана Бени Ганц, со 11 до 13 пратенички места. Одѕивот на гласачите беше голем, а два часа пред затворањето на избирачките места беше објавено дека гласале 66,3 отсто од приближно 6,8 милиони Израелци со право на глас, што е пет отсто повеќе од лани, а највисоко од 1999 година.
Нетанјаху ја напушти премиерската резиденција
Во историјата на Израел, Нетанјаху беше премиер најдолго: вкупно 15 години, од кои 12 последователни. Во јуни минатата година тој беше заменет со идеолошки поделена коалиција од осум партии, за чие создавање придонесе актуелниот претседател на привремената влада Лапид. Нетанјаху, кому му се суди за корупција, доколку стане премиер, ќе може да се брани од обвиненијата со што ќе се зголемат шансите да се избегне прогласување дека е виновен.