Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, како што соопштија од владината прес-служба денеска би требало да испрати покана за лидерска средба со претседателите на сите партии застапени во парламентот за 7 ноември. Средбата, според најавата, е предвидено да се одржи во Собранието, а целта да се разговара за европскиот пат на земјава како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк консензус, како што се уставните измени со кои Бугарите и други народи ќе се внесат во Преамбулата од Уставот.
Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени
Иницијатива за лидерска средба изминатите денови покажаа и опозициските партии од албанскиот блок кои веќе јавно излегоа со услов дека ќе поддржат уставни измени доколку меѓу нив биде и промена на формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“.
Движењето Беса и Алијансата за Албанците се за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот
Од Беса најавија и дека како партија ќе испратат покана прво до партиите од албанскиот блок за средба на оваа тема. Премиерот Ковачевски, пак, во последните негови јавни настапи неколку пати повтори дека добро е што се отворила дебата во јавноста и оти е потребно да се седне на заедничка маса и да се разговара. Македонија ќе треба да донесе уставни измени ако сака да ги продолжи преговорите за влез во Унијата, ама само во делот за да ги внесе Бугарите во преамбулата како државотворен народ. Ова беше поставено како услов за соседната држава да го тргне двегодишното вето за отворање на преговорите за влез во ЕУ.