Во Бразил поддржувачите на Болсонаро ги блокираа патиштата по неговиот пораз на изборите

Жаир Болсонаро

Возачи на камиони во Бразил лојални на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро ги блокираа патиштата низ земјата по неговиот изборен пораз од левичарскиот ривал Луис Инасио Лула да Силва. Демонстрантите ги блокираа улиците во сите сојузни држави, што влијаеше на снабдувањето со храна, јавува Би-Би-Си. Изборната администрација на Бразил во неделата објави дека да Силва од левичарската Работничка партија освоил 50,8 отсто, победувајќи го Болсонаро, кој освоил 49,2 отсто од гласовите.

Светските лидери му ја честитаат изборната победа на Лула да Силва

Болсонаро не го призна поразот и се стравува дека претседателот во заминување може да го искомплицира периодот пред Лула да положи заклетва на 1 јануари 2023 година. Возачите на камиони кои го поддржуваат Болсонаро почнаа да поставуваат блокади на патиштата веднаш по објавувањето на изборните резултати. Федералната полиција до синоќа пријавила 342 вакви инциденти на автопатиштата, а најголеми протести имало на југот на земјата. Полицијата подоцна отстрани дел од блокадите на патиштата.