Самитот за Западен Балкан ќе се одржи в четврток во Берлин на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц, како дел од таканаречениот Берлински процес, соопшти кабинетот на германската канцеларка. На самитот ќе присуствуваат „шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, поранешните домаќини на самитот на Балканскиот процес од 2014 година, неколку членки на Европската Унија од регионот, како и највисоките претставници на регионалните и меѓународните организации“, се вели во соопштението. Како што се наведува, средбата е пред се во насока на натамошно интензивирање на соработката меѓу земјите од Западен Балкан.
Претставници на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ
Берлинскиот процес е формат на годишни состаноци што германската влада, во времето на канцеларката Ангела Меркел, ги иницираше во 2014 година кога во Берлин се одржа Конференцијата за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во ЕУ. Иницијативата главно се фокусира на решавање на билатералните и внатрешните проблеми во регионот и подобрување на економската соработка, која би била основа на одржливиот развој на регионот.