Милијардерот Олег Тинков, основачот на онлајн банката Тинкоф, изјави дека се откажал од руското државјанство поради конфликтот во Украина, кој до сега жестоко го критикуваше. „Донесов одлука да се откажам од руското државјанство. Не можам и не сакам да бидам поврзан со фашистичка земја која започна војна со својот мирен сосед и која секојдневно убива невини луѓе“, напиша Тинков на Инстаграм. Милијардерот рече дека се надева оти други истакнати руски бизнисмени ќе го следат неговиот пример, за да го ослабат „режимот на претседателот Владимир Путин и неговата економија“ и на крајот да го поразат.
Руски олигарси бараат да се стави крај на војната во Украина
Заедно со пораката, Тинков објави фотографија од потврда од рускиот конзулат со која се потврдува дека повеќе нема руско државјанство. „Ја мразам Путиновата Русија, но ги сакам сите Руси кои очигледно се против оваа луда војна“, додаде Тинков. Тој беше уапсен во 2020 година во Лондон на барање на САД, кои го обвинија за затајување данок, но подоцна беше ослободен со кауција и се наоѓа на лекување во Лондон. Бизнисменот ја напушти функцијата извршен директор на Тинкоф банка во 2020 година, бидејќи банката сакаше да се огради од неговите изјави против руската инвазија на Украина.