Путин: Русија го суспендираше, не го заврши своето учество во договорот за извоз на храна

Путин на прес-конференција во Сочи по средбата со лидерите на Ерменија и Азербејџан

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја го суспендирала, но „не го завршила“ своето учество во договорот со Украина за извоз на храна преку Црното Море. Одлуката на Русија дојде како резултат на „создавање закана“ за хуманитарниот коридор, рече Путин на прес-конференција во Сочи по средбата со лидерите на Ерменија и Азербејџан. Русија во саботата објави дека го суспендирала учеството во договорот со Украина со посредство на Обединетите нации, кој се смета за клучен за решавање на глобалниот недостиг на храна.

Дванаесет бродови со жито тргнаа од украинските пристаништа и покрај повлекувањето на Русија од договорот за извоз

Москва тогаш соопшти дека го напушта договорот, откако ја обвини Украина за нападот со беспилотни летала на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година. Киев одговори на руските обвинувања со тврдење дека Москва измислува „фиктивни терористички напади“ и дека го користи договорот за храна за „уцена“.