Албанскиот премиер Еди Рама обвини за директно руско влијание во Албанија, поврзувајќи го со лажните вести во медиумите, како и финансирањето на опозициската Демократска партија.
Рама: Русите кои не сакаат да војуваат се добредојдени во Албанија
„Ова е директно руско влијание во Албанија. Кога го покренавме прашањето за финансирањето на Демократската партија со руски пари, ни рекоа дека тоа е клевета од Еди Рама и Сорос. Но, тоа излезе во извештајот на ЦИА. Приказната за потопувањето на таа партија во вреќи со рубли ниту започна со она што го знаеме и што го знаете, ниту пак заврши со тоа. Тоа е сојуз на рубљи, меѓу тие две партии (ДП на Сали Бериша и ПЛ на Илир Мета) и на кој одекнуваат некои искривени медиумски извештаи кои постојано трујат со најбанални клевети“, обвини тој.