Израелците по петти пат во последните три и пол години на парламентарни избори

Израел, изборни плакати

Денеска Израелците гласаат на парламентарни избори по петти пат во 43 месеци, а анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, а исходот тешко може да се предвиди. Осумпартиската „Влада на промени“ во заминување пропадна откако изгуби тенко мнозинство и подлегна на идеолошките разлики што се обидуваше да ги избегне. Сојузот на десничарските и верските партии се обидува да ја врати власта по година и пол во опозиција, но судејќи според анкетите, повторно може да се очекува политички ќорсокак, коментираат израелските медиуми.

Продолжува судењето на поранешниот израелски премиер Нетанјаху

Како што наведуваат, денешните избори се како и четирите претходни референдуми од 2019 година за поранешниот и можен нов премиер Бенјамин Нетанјаху, лидер на конзервативната Ликуд. Израелскиот парламент (Кнесет) има идеолошки десничарско и религиозно мнозинство од околу 70 од вкупно 120 пратеници, но не е лесно да се формира стабилна коалиција бидејќи има политичари кои одбиваат да бидат во владата предводена од Нетанјаху. Тој беше најдолготрајниот премиер во историјата на Израел, 12 последователни години и вкупно 15, пред да биде сменет во минатата година. На овие избори, речиси 6,8 милиони Израелци со право на глас можат да избираат меѓу 39 партии