Османи: oтворањето клубови мора да биде во духот на добрососедството

министерот за надворешни работи Бујар Османи

„Контекстот на појавување на овие клубови се гледа дека влегуваме во еден натпревар, во едно инструментализирање на луѓето. Ова е инструментализирање на финансиерите на овој клуб и тука нема добри намери“, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“. Османи, коментирајќи го отворањето на клубот во Благоевград рече дека овој циклус со инструментализирање на правата не е во духот на добрососедството.

Отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ - во Благоевград тензии

„Имало таму луѓе со најдобра намера, но сметам дека овој циклус на инструментализирање на малцинските права овде преку клубовите во Охрид и во Битола и клубот во Благоевград не е во духот на добрососедството. Тука имињата не беа добронамерни и не мислам дека тоа помагаше на бугарската заедница. Времето кога ова се случува и начинот на кој опозицијата се надоврзува за да „лови“ некои политички поени, сметам дека е обратно од она што ние сакаме да го правиме. Ние сакаме еден нормален циклус. Бугарската Влада погреши што дојде тука на отворање на клубот и тоа го сметавме за провокација, рече Османи.

Советодавното тело на Владата го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд

Тој оцени дека не мисли дека Македонците таму добија нешто со овој клуб, освен што, како што кажа, „ја поларизираа бугарската јавност кон нив“. Ова, рече Османи, долгорочно ќе биде на штета на Македонците во Бугарија зашто се дел од процес на инструментализирање кој не е во функција на промоција на малцинските права.