Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше домаќин на мировната средба меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан во Сочи, во обид да се реши долгогодишниот територијален спор меѓу двете поранешни советски републики.
На состанокот со Никол Пашинјан, премиерот на Ерменија поддржан од Москва, Путин рече дека целта е да се обезбеди мир и стабилност и да се деблокира сообраќајната инфраструктура за да се помогне на економскиот и социјалниот развој на Ерменија.
Ерменија и Азербејџан со децении се во спор околу претежно ерменскиот регион Нагорно-Карабах, кој се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна во 1990-тите со 30.000 жртви.
Разговорите на Путин со Пашинјан и со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев се однесуваат на спроведувањето на мировниот договор од 2020 година, постигнат со посредство на Русија.
Пашинјан во понеделникот рече дека ќе инсистира Азербејџан да ги повлече своите трупи од руската мировна зона во Нагорно-Карабах и да побара слобода за ерменските воени заробеници.
Путин во Сочи ќе се сретне со лидерите на Ерменија и Азербејџан
Се разговарало и за продолжување на мировниот мандат на Русија, пренесоа руските државни новински агенции, пренесува АФП.
Ерменија и Азербејџан со години се во конфликт околу отцепениот регион Нагорно Карабах. Сепаратистите поддржани од Ерменија го зазедоа доминантно ерменскиот регион од Азербејџан за време на војната во раните 1990-ти, во која загинаа околу 30.000 луѓе.
Двете страни водеа уште една војна во 2020 година, која траеше шест недели и уби илјадници од двете страни, пред прекинот на огнот со посредство на Русија да резултира со губење на контролата врз делови од регионот, кој е дел од Азербејџан, и седум соседни области.
Ерменија и Азербејџан се договорија за цивилна мисија на ЕУ покрај границата
По прекинот на огнот, Москва распореди околу 2.000 војници во регионот за да служат како мировници.
Пред разговорите, Пашинјан рече дека е „подготвен“ да го продолжи присуството на руските мировници за уште две децении.
„Подготвен сум да потпишам документ во Сочи за продолжување на мандатот на мировниците за 10, 15 или 20 години“, изјави Пашинјан на 29 октомври, пренесуваат руските агенции.
Минатиот месец во разгорувањето на конфликтот загинаа 286 лица.