Градоначалникот на Општина Желино и функционер на Движењето Беса, Блерим Сејдиу на денешната прес-конференција истакна дека треба да се укине од Уставот на Република Северна Македонија формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ и да стои само албански јазик.
„Нашиот став е дека треба да се укине 20 отсто од Уставот на Република Северна Македонија, затоа што тоа е навредливо за нас како народ, од причина што и од резултатите од последниот попис покажуваат дека сме повеќе. За овој став ќе продолжиме со нашите сили во Собранието да бараме да се укине формулацијата 20 проценти“, рече Сејдиу.
Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени
На новинарско прашање кога ќе се реализира тоа, Сејдиу одговори дека тоа би се случило во моментот кога ќе се отвори Уставот со цел да се вметнат Бугарите во него.
Денеска и Алијансата за Албанците со соопштение објави дека ќе продолжи да се залага и во иднина да го реши и отстрани овој наратив за Албанците, истакнуваат од партијата преку соопштение во врска со формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ и да стои само албански јазик.
Од партијата посочуваат дека в.д. претседателот Арбен Таравари ги повикал сите партии да седнат на маса.
„Ние бевме и сме за соработка со сите политички партии со единствена цел да го решиме овој проблем. в.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, ги повика сите партии да седнат на маса и ние сме подготвени да седнеме ден поскоро, кога сите ќе бидат подготвени“, велат од Алијансата за Албанците.