Ердоган: Турција ќе продолжи со напорите за договорот за жито

турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција ќе продолжи со напорите за договорот за извоз на жито од Црното Море и покрај двоумењето на Русија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако Русија го прекина учеството во иницијативата во изминатиот викенд. „Дури и ако Русија се однесува колебливо, ние решително ќе продолжиме со нашите напори да му служиме на човештвото“, рече Ердоган.

Русија ја продолжува блокадата на извозот на жито од Украина

Одделно, портпарол на ОН рече дека првата од 40-те планирани инспекции на бродови денеска била завршена во водите на Истанбул со тим од само членови на ОН и Турција, наместо со претходните четиричлени тимови, вклучувајќи Руси и Украинци, пред суспензијата на Москва.