Во Софија ќе биде потпишан договор за поврзување за снабдување и дистрибуција на гас

илустрација

Во Софија денеска ќе биде потпишан Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективната точка Ќустендил-Жидилово. Договорот ќе го потпишат „ГА-МА“ и „Булгартрансгаз“. На потпишувањето ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши и извршните директори на Национални енергетски ресурси АД Скопје, Бајрам Реџепи и на ГА-МА, Александар Арсиќ.

Радев вели дека Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија, согласно ЕУ правилата

Во почетокот на овој месец претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека Бугарија е подготвена да го зголеми својот извоз во Македонија, во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси. Тој ова го изјави откако заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарале за можностите ЕУ финансиски да ги поддржи можностите на Северна Македонија за да се избегне евентуална криза во зима во однос на снабдувањето со електрична енергија во земјава.