Бразилската изборна администрација во неделата објави дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на земјата. По пребројани 98,8 отсто од гласовите, Да Силва освои 50,8 отсто, а Болсонаро 49,2 отсто. Изборните власти објавија дека победата на Силва е математички сигурна. Да Силва, поранешен претседател на земјата од 2003 до 2010 година кој вети дека ќе го врати попросперитетното минато на земјата се соочува со пречки во поларизираното општество.
Лула де Силва тесно пред Болсонаро, вториот круг на гласање во Бразил на 30 октомври
Ова е неверојатно враќање на власт за 77-годишниот Да Силва, бидејќи неговата затворска казна во 2018 година поради корупциски скандал му забрани да се кандидира на изборите таа година и го отвори патот за победата на тогашниот кандидат Болсонаро и четиригодишната екстремно десничарска политика.