ЕУ замрзнала руски имот вреден 17 милијарди евра

Илустрација

ЕУ замрзна рускиот имот во вредност од околу 17 милијарди евра откако Москва ја нападна Украина во февруари, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс во интервју кое е денеска објавено.

„Досега имотот на 90 лица е замрзнат, повеќе од 17 милијарди евра во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди евра во Германија“, изјави тој за медиумската групација на весници „Функе“.

Украинските власти бараат средствата да се искористат за обнова на нивната земја по војната.

„Ако се работи за криминални пари конфискувани од ЕУ, можно е да се префрлат во компензациски фонд за Украина“, рече Рејндерс во интервјуто.

Тој додаде и дека сумата е далеку од доволна за финансирање на реконструкцијата на земјата. ЕУ усвои осум пакети на санкции од почетокот на руската војна против Украина пред осум месеци.