Фон дер Лајен вети 160 милиони евра за Србија и 71 милиони за БиХ помош за енергенси

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен со претседателот на Србија, александар Вучиќ ги посетија работите на изградбата на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, 28 октомври 2022, Ниш.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен изјави дека Србија ќе добие 160 милиони евра директна помош за справување со енергетската криза.

Фон дер Лејен на 28 октомври во Ниш, јужна Србија, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ ги посетија работите на изградбата на гасниот интерконектор Србија-Бугарија.

Претседателката на ЕК, потоа во Белград ќе има средби до Вучиќ и со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Фон дер Лајен изјави дека снабдувањето со гас од повеќе извори е од суштинско значење и дека преголемата фокусираност на Русија не е добро.

Таа ја покани Србија да ѝ се приклучи на Европската унија во заедничката набавка на гас.

Претседателката на Европската комисија најави и 500 милиони евра грантови за Западен Балкан, кои ќе бидат инвестирани во инфраструктурата.

Вучиќ им се заблагодари на Фон дер Лајен и на Европската унија за нивната „огромна поддршка и помош“.

„Кога некој ќе ви даде пари и не ви побара ништо, треба да кажете големо благодарам. Тоа се многу пари за нас и ќе ги олеснат проблемите со кои се соочуваме“, рече Вучиќ.

Фон дер Лајен повтори дека е важно земјите кандидатки за членство во Унијата да се усогласат со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.

Претседателката на ЕК во Србија, дојде од Сараево. Таму таа вети дека Босна и Херцеговина ќе добие 71 милион евра од ЕУ за ублажување на последиците од поскапувањето на енергенсите.

Според Фон дер Лајен, станува збор за краткорочна мерка со која ќе се поддржат инвестициите во инфраструктурата насочени кон подобрена енергетска ефикасност.

Претседателката на Европската комисија свечено го отвори тунелот „Иван“, проект во рамки на „Коридорот 5“ финансиран од ЕУ.

Фон дер Лајен е во посета на земјите од Западен Балкан. Турнејата ја започна во средата, на 26 октомври“, со посетата на Скопје. Таа вети 80 милиони евра помош за Македонија. Следниот ден отпатува во посета на Тирана и Приштина, по што ги посети Сараево и Белград, а турнејата по државите од Западен Балкан Фон дер Лајен ќе ја заокружи со посета на Подгорица.