Нови 44 случаи на ковид, нема починати

Архивска фотографија - Ковид амбуланта во Скопје.

Во последните 24 часа регистрирани се 44 нови случаи на ковид-19 од направени 543 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Најголем дел од новите случаи се регистрирани во Скопје – 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати, а нема починати ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262.