Од Ковачевски до Илон Маск
ПОЛСКА - Полска демонтираше четири споменици на војниците на Црвената армија од времето на комунизмот како повторен обид да ги отстрани симболите на доминацијата на Москва по Втората светска војна и да ја нагласи нејзината осуда на актуелната руска војна против соседна Украина.
МАКЕДОНИЈА / АВСТРИЈА - Во Виена денеска, 27 октомври, на 78-годишна возраст ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави МИА од Белград. Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија" во Њујорк.
ИРАН - Најновите медиумски извештаи јавуваат дека иранските власти, наводно, реагирале насилно на демонстрантите кои се собрале да ја одбележат смртта на Ника Шакарама, уште еден симбол на протестното движење во таа земја.
МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи информира дека се лажни пријавите за поставена експлозивна направа во девет училишта во Скопје.
АЛБАНИЈА - Итна буџетска помош од 80 милиони евра во јануари ќе бидат достапни за албанската Влада за справувањето со енергетската криза, изјави во Тирана претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајаен на заедничката прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама.
САД - Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека Соединетите Држави се разочарани и загрижени поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не го продолжи рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај повиците на земјите од Квинта и Европската Унија, јави Бета.
КОСОВО / СРБИЈА - Српската полиција ја спречи посетата на косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во Белград, потврди за РСЕ портпаролот на Бислими, Клисман Кадија. Тој додаде дека пред да влезе во Белград, полицијата спречила понатамошно патување поради „безбедносни причини“.
БиХ - Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина утврди дека Милорад Додик, лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи, освоил најмногу гласови за претседател на Република Српска.
МАКЕДОНИЈА - Секој функционер без разлика од која партија доаѓа, без разлика на која функција е поставен, и без разлика на кое ниво е во државната управа, има должност согласно со Законот за спречување на корупција да достави имотен лист за се она што поседува до Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто потоа јавно го објавува.
УКРАИНА - Гувернерот на украинската област Керсон, назначен од Русија, Владимир Салдо, денеска изјави дека повеќе од 70.000 луѓе го напуштиле главниот град на регионот, стратешкиот Керсон, додека продолжуваат тешките борби меѓу руските сили и украинските војници кои напредуваат.
РУСИЈА - Висок претставник на руското Министерство за надворешни работи изјави дека комерцијалните сателити од Соединетите држави и нивните сојузници би можеле да станат легитимна цел за Русија доколку се вклучени во војната во Украина. Константин Воронцов, заменик-директор на одделот за неширење и контрола на оружјето на руското Министерство за надворешни работи не спомна конкретни сателитски компании, иако Илон Маск претходно овој месец рече дека неговата компанија SpaceX ќе продолжи да ја финансира својата интернет услуга Starlink во Украина, наведувајќи ја потребата од „добри дела“.