Српската полиција ја спречи посетата на косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во Белград, потврди за РСЕ портпаролот на Бислими, Клисман Кадија.
Тој додаде дека пред да влезе во Белград, полицијата спречила понатамошно патување поради „безбедносни причини“.
Бислими во четвртокот, 27 октомври, отпатува за Белград за да учествува на две тркалезни маси за прашањата на дијалогот Косово-Србија.
Бислими, кој во исто време ги води разговорите со Србија на ниво на главни преговарачи, требаше да учествува на дискусиите за „Косово и европската перспектива на регионот“, во рамки на Форумот за етнички односи, што се одржува одржана во четвртокот во главниот град на Србија.