Во Белград започна состанокот на Советот за национална безбедност на кој претседава српскиот претседател Александар Вучиќ. Тема на состанокот треба да биде истекот на рокот на Приштина за пререгистрација на возилата во Косово со српски таблички на таблички „РКС“. Пред почетокот на седницата, Вучиќ одржа средба со претставници на Србите од Косово и Метохија, а претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, по средбата на новинарите им изјави дека доколку им се конфискува имотот и табличките на Србите, тие ќе „пружат мирен, ненасилен и демократски отпор“.
Тој рече дека „ако Приштина започне насилна акција за одземање возила со таблички КМ, тие ќе ги блокираат сите премини и влезови од север кон централно Косово“. „Имаме доверба само во нашиот претседател Вучиќ и во државата Србија. Добивме цврсти гаранции од Вучиќ дека државата Србија е со својот народ“, рече Ракиќ.