Руската Дума донесе пакет-закони за забрана на „ЛГБТ пропагандата“

Руската Дума

Руската Дума денеска го донесе, во прво читање, законодавниот пакет за забрана на „пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“. Потпретседателот на Думата Петар Толстој рече дека речиси 400 „народни пратеници“ ги потпишале законите, а одлуката што Думата ја донесе ја нарече „очигледна и долгоочекувана“. Тој притоа оцени дека „иднината на Русија е во прашање“.

Русија може да ја прошири забраната за „геј пропаганда“

„Ако ја гледаме ЛГБТ пропагандата и одобрувањето како инструменти за хибридна војна, тогаш тоа е опасно не само за нашите деца, туку и за целото општество. Влеговме во одлучувачка фаза во битката за нашите традиционални семејни, морални и религиозни вредности, чиј исход може да биде само победа“, објави Толстој на Телеграм.