Европската комисија усвои предлози со кои се заоструваат границите на дозволеното загадување за да се осигура дека најштетните загадувачи ќе бидат елиминирани до 2050 година, благодарение на што би можеле да се спасат животите на стотици Илјадници луѓе. Предлозите на Европската комисија се фокусираат врз загадувањето на воздухот и водата и несоодветното отстранување на отпадот, а за да станат обврзувачки, тие мора да бидат усвоени од Европскиот парламент и земјите-членки, што веројатно ќе трае со месеци. Загадувањето на воздухот е најголемата закана за 450 милиони граѓани на ЕУ. Предлозите вклучуваат удвојување на границите на количината на ситни честички дозволени во воздухот до 2030 година.
Подобро загаден воздух, отколку празен стомак и ладен стан
Ваквите честички значително придонесуваат за загадувањето на воздухот, од кое, според проценките на ЕУ, годишно умираат речиси 300.000 луѓе. Бидејќи ефикасното спроведување на правилата поврзани со загадувањето досега се покажа како тешка задача, предлозите на ЕК ќе им овозможат на граѓаните да бараат правна заштита, со поголеми права на компензација. Европската комисија проценува дека до 2030 година би можеле да се заштедат 121 милијарда евра доколку стапат на сила нејзините правила за загадување на воздухот.