Лажна е дојава за поставени бомби во скопските училишта, вели портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за Телма. Тој изјави дека полицијата излегла на терен и досега ги проверила поголемиот дел од училиштата за каде што им пристигнала дојава дека била поставена бомба.
Тој објасни дека дојава имало за 8 скопски училишта и дека во нив е спроведена евакуација на учениците по што антитерористичките екипи спровеле проверка.
Заканувачот првин испратил електронска пошта во пет средни училишта во Скопје. Подоцна таа е-пошта ја испратил уште во три училишта.
„ Паралелно со проверките на лице место со антитористичките екипи, работиме и на истрагата и потрага по заканувачот, и кога ќе биде комплетно расчистено ќе ја известиме јавноста“, изјави Ангеловски.
Неофицијално иста електронска порака била пратена во средните училишта „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Испраќачот на лажната закана сè уште не е познат. МВР работи на негово откривање