Рускат полиција изврши претрес во куќата на новинарката Собчак

новинарката и ТВ-водителка Ксенија Собчак

Московската полцијата извршила претрес во куќата на новинарката и ТВ-водителка Ксенија Собчак. Оваа информација ја објавија денеска руските новински агенции. Тие објавија дека претресот во куќата на Собчак е спроведен како дел од истрагата за изнуда покрената против соработникот на Собчак, Кирил Суханов, кој беше приведен еден ден претходно.

Суханов е комерцијален директор на холдингот на Собчак „Осторожно.Медиа“.
Самата Собчак не е личност од интерес во истрагата, рекоа официјалните лица.
Собчак го нарече апсењето на Суханов „уште еден пример на притисок врз медиумите“ во Русија.

40-годишната Собчак, ќерка на починатиот градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак, политички ментор на претседателот Владимир Путин, со години се позиционираше како човек од опозицијата. Таа се кандидираше против Путин во 2018 година, но многумина во Русија ја сметаа за личност блиска до Путин и неговата влада.