Ковачевски – Вучиќ – Рама: „Отворен Балкан“ дава резултати

албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Димитар Ковачевски

„Отворен Балкан“ e препознаен како позитивна регионална иницијатива која веќе дава конкретни резултати за компаниите и за граѓаните кога се во прашање европските слободи за движење на луѓе, услуги и стоки, констатираа на денешниот онлајн состанок премиерот Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, во пресрет на одржувањето на Самитот за Берлинскиот процес, што ќе се одржи на почетокот на ноември во Берлин. На состанокот тројцата лидери се договорија на претстојниот Самит за Берлински процес да ги пренесат сите позитивни искуства од „Отворен Балкан“.

Вработувањата преку „Отворен Балкан“ заглавени во македонското Собрание

На онлајн состанокот станало збор и за заедничките позиции на трите држави за забрзување на имплементацијата на тековните иницијативи. Во исто време српскиот претседател Вучиќ на Инстаграм објави дека на состанокот било разговарано за заедничките чекори во насока на обезбедување сигурна зима за граѓаните на трите земји, како и за претстојниот Самит на Берлинскиот процес. „Отворен Балкан“ значи мир, просперитет и посигурна иднина за народите од нашиот регион, бидејќи заедно сме секогаш посилни, напиша Вучиќ на својот инстаграм профил.