Американскиот претседател Џо Бајден ја предупреди Русија дека употребата на тактичко нуклеарно оружје би била „неверојатно сериозна грешка“ откако Москва наведе дека Украина се подготвува да употреби таканаречена валкана бомба на своја територија. Москва го подигна тврдењето во текот на викендот. Украина и нејзините сојузници се сомневаат дека Русија можеби би употребила таканаречена валкана бомба, но за нападот ќе ја обвини Украина и ќе ја искористи за да ја оправда употребата на конвенционално нуклеарно оружје.
Западните сојузници ги отфрлаат руските обвинувања дека Киев развива „валкана бомба“
Бајден рече дека Русија „би направила неверојатно сериозна грешка доколку употреби тактичко нуклеарно оружје“. Москва вчера ги поднесе своите обвинувања против Украина до Советот за безбедност на ОН. Претходно, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека се подготвува да испрати инспектори на две украински локации во наредните денови како реакција на барањето на Украина за инспекција по тврдењата на Русија.