Вацап повторно работи

Илустрација

Популарната апликација за размена на пораки Вацап (WhatsApp) проработи после неколкучасовен прекин.

Корисниците ширум светот пријавуваа проблеми и прекини во работата на апликацијата. Со проблеми во работата на апликацијата се соочиле и корисници на мобилната верзија на сервисот, како и на десктоп верзијата.

„Свесни сме дека некои корисници во моментов имаа проблеми со испраќање пораки и работиме на тоа да го оспособиме Вацап што е можно поскоро“, изјави портпаролот на компанијата Мета, во чија сопственост е апликацијата.

Вацап е најголемата светска платформа за размена на пораки и има повеќе од две милијарди активни корисници на месечно ниво.