Премиерот Димитар Ковачевски информира дека веќе се подготвува документација за отворање македонски културен центар во Благоевград и најави дека барање за тоа ќе биде испратено до бугарската Влада. На новинарско прашање Ковачевски денеска рече дека во недела, за кога е најавено отворањето на клубот во Бугарија, ќе биде во Скопје. Тој притоа порача дека отворањето вакви клубови да биде во насока на зближување, а не на раздор.
Бугарскиот министер Милков ја прими македонската амбасадорка во Софија Руси-Поповска
„В недела јас ќе бидам во Скопје, меѓутоа во Министерството за култура и во Владата, бидејќи јас тоа го најавив, веќе ја подготвуваме документацијата за отворање македонски културен центар во Благоевград и тоа барање ќе биде испратено до бугарската Влада. Знаете дека имаме македонски културен центар во Софија и како што кажавме исто така ќе имаме отворање на македонски културен центар во Благоевград коешто барање ќе го испратиме“, рече Ковачевски, по промоцијата на нова инвестиција во ТИРЗ Скопје. Тој повика на присуство на отворањето на центарот од сите кои имаат можност, но порача при вакви активности да се внимава за чувствата на граѓаните.