Вашингтон размислува да испрати опрема за воздушна одбрана HAWK во Украина

Одеса -- ПВО на Одеса собори беспилотно летало

Соединетите држави размислуваат да испратат постари системи за противвоздушна одбрана HAWK во Украина за да и помогнат против руските напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети, изјавија двајца американски официјални лица. Пресретнувачот на ракети земја-воздух со среден дострел HAWK би бил надградба на ракетните системи Стингер - систем за противвоздушна одбрана со помал дострел - што САД веќе и го обезбедија на Украина. Опремата HAWK се заснова врз технологијата од виетнамската ера, но неколку пати е надградувана. Системот HAWK е претходник на ракетниот одбранбен систем PATRIOT, изјавија американските власти за Ројтерс под услов да останат анонимни.

30 демократи во Претставничкиот дом на САД го повикаа Бајден да бара договор за војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина напредни воздушни системи по последователните разорни ракетни напади од страна на Русија врз украински цивилни и инфраструктурни цели претходно овој месец. Од почетокот на руската неиспровоцирана инвазија врз Украина на 24 февруари, Соединетите држави испратија безбедносна помош во Киев во вредност од околу 17,6 милијарди долари.