Денеска во Берлин ќе се одржи Меѓународна експертска конференција за закрепнување, обнова и модернизација на Украина. Собирот ќе го отворат германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го отворат настанот. Главниот говор ќе го одржи украинскиот претседател Володимир Зеленски. На конференцијата главно ќе се зборува за начините на финансирање на трошоците, но засега нема однапред договорена бројка, бидејќи тие растат со секој ден од тековната војна. Тековните проценки, исто така, варираат во голема мера во зависност од временската рамка и степенот на она што се смета за „закрепнување“ и хуманитарна помош.
Киев ги доби првите две милијарди евра од помошта од ЕУ
Затоа, на Конференцијата, меѓу другото, ќе се разговара за тоа како да се приоретизираат различните потреби и кои опции за финансирање се достапни. Меѓународната експертска конференција не е тело за одлучување, така што нема да има никакви политички договори. Експертизата генерирана од Конференцијата ќе придонесе за понатамошно обликување на процесот на закрепнување, реконструкција и модернизација на Украина. Препораките од Меѓународната експертска конференција ќе бидат пренесени на релевантните политички форуми, за што ќе се одлучува политички.