Викендов регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19 и исто толку оздравени

Илустративна фотографија

Изминатите три дена се регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму појаснуваат дека најмногу позитивни случаи биле откриени во Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции, а регистрирани сe и 66 оздравени пациенти од Скопје.

Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.