Иран соопшти дека уапсил 10 агенти кои работеле за Израел

Илустративна фотогарафија

Иран соопшти дека уапсил 10 лица кои работеле за Израел како „агенти поврзани со Мосад“. Правосудството на Исламската република ги објави апсењата на 24 октомври, но не даде детали, вклучително и кои се луѓето или денот на нивното приведување.

Судството соопшти дека четворица од 10-те се обвинети за „корупција на земјата“, обвинение кое предвидува смртна казна.

„Под директно водство на шпионските службеници на Мосад, [членовите на групата] беа идентификувани сили кои соработуваа со безбедносните оддели на земјата и имаа намера да ги објават нивните лични податоци со киднапирање, закани и тепање“, соопшти судството.

Израел ниту го негираше ниту го потврди извештајот, во согласност со неговата стандардна практика за такви прашања.

На почетокот на август, Министерството за информации тврдеше дека идентификувало мрежа на агенти на Мосад кои дејствуваат во земјата и дека ги неутрализирало сите нејзини оперативни елементи.

Во Иран последниве недели има бројни протести поради смртта на една млада жена додека беше во полициски притвор, откако била уапсена поради неправилно носење шамија или хиџаб.

Техеран ги обвини за немирите САД, Израел и другите западни актери кои сакаат да ја дестабилизираат земјата.