Државни функционери, претседатели на комисии, директори и раководни луѓе на институции, поголемиот дел од функционери од СДСМ и ДУИ, иако имале обврска не пријавиле имот од 30 милиони евра, обвинија од опозициската ВМРО ДПМЕ во т.н афера Тајни имоти.
Од партијата нагласија дека се работи за 123 лица, и дадоа рок на институциите да ги објават за 24 часа. Во спротивно тврдат дека ќе почнат со објавување детали.
„Даваме рок од 24 часа институциите сами да ги објават овие имиња, во спротивно ќе ги објавуваме поединечно, заедно со имотот кој го кријат. Откако ќе ги објавиме ќе побараме потекло на имот, затоа што тајниот имот е таен поради одредени причини , а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат.“, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Тој нагласи дека инститициите како Комисијата за спречување корупција и судир на интереси, кои се формирани за спречување на ваквите дејства всушност „се соучесници во шемата која ја креира власта и се нивни заштитници“. Појасни дека антикорупциска е должна да води точна евиденција, а избраните финкционери имаат обврска за 30 дена да поднесат анкетни листови, рок за кој Петрушевски вели дека е многукратно пробиен.
„Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови куки, деловни простории, удели во фирми и депозити“, рече Петрушевски.
Според опозицијата, поголемиот дел од овие 123 лица имаат имот кој е на нивно име. Оттаму сега бараат институциите да постапат и утврдат дали одговорност, прекршочна или кривична, но и и дали се работи за системски проблем.