Џорџа Мелони официјално е првата жена премиерка на Италија

Италијанската премиерка Џорџa Мелони ѕвони на ѕвоното за да го означи почетокот на нејзиниот прв состанок на владата, покрај нејзиниот претходник Марио Драги во палатата Чиги, во Рим, Италија, 23 октомври 2022 година.

Италијанската лидерка на крајната десница Џорџа Мелони официјално стана првата жена премиерка на Италија, откако денеска ја презеде функцијата од премиерот во заминување Марио Драги.

Таа ја презеде функцијата премиер четири недели откако нејзината ултрадесничарска партија „Браќата на Италија“ победи на општите избори пред четири недели.

Мелони денеска одржа 90-минутна средба со Драги на церемонијата одржана во Рим, по што тој симболично и го предаде ѕвоното што се користеше за време на дебатите во кабинетот.

45-годишната Мелони и нејзините министри положија заклетва на 22 октомври пред италијанскиот претседател Серџо Матарела во претседателската палата.

На 21 октомври Мелони го објави составот на својот кабинет, а таа е во коалиција со Матео Салвини и поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Коалицијата на Националното пандемско единство на премиерот во заминување Марио Драги се распадна во јули откако Салвини, Берлускони и водачот на популистичкото Движење пет ѕвезди Џузепе Конте одбија да ја поддржат неговата влада во гласањето за доверба.

Ова го поттикна италијанскиот претседател Серџо Матарела да го распушти парламентот и да го отвори патот за избори.