Палестинска милитантна група го обвини Израел за убиство на нејзин висок член

Израелски војници одат во близина на место на инцидент во близина на Хеброн, на израелскиот окупиран Западен Брег. 2 септември 2022 година.

Палестинска милитантна група го обвини Израел дека убил еден од нејзините високи членови, во напад во град лоциран длабоко на Западниот Брег, ветувајќи дека ќе има жесток одговор во услови на зголемени тензии.

Тамер Килани, водач на групата позната како „Дувло на лавовите“ беше убиен во текот на ноќта со напад со бомба поставена на паркиран мотоцикл.

Експлозијата се случи во градот Наблус, каде речиси секојдневно се случуваат судири меѓу палестинските милитанти и израелските безбедносни сили.

Израелската војска одби да ја коментира експлозијата, велејќи дека армијата „оперирала против теророт цело време“.

Портпаролот на армијата рече дека Килани бил вклучен во напади насочени кон Израелци и претходно бил затворен од Израел.

Инцидентот се случи по повеќемесечната тензија која се продлабочи откако израелските сили во март почнаа со репресии на Западниот Брег, како одговор на серијата напади на Палестинците во Израел.

Деветнаесет Палестинци и двајца израелски војници се убиени досега овој месец, според билансот на новинската агенција АФП.