Иранците започнаа солидарни штрајкови, протестите влегуваат во шеста недела

Протести во Иран

Иранските работници и дуќанџии денеска стапија во штрајк, додека протестите ширум земјата предизвикани од смртта во притвор на Махса Амини, уапсена поради „неправилно“ носење шамија, влегоа во шестата недела, рекоа активистите.

Смртта на 22-годишната Амини ги поттикна најголемите протести забележани во исламската република во последните години.

Младите жени ги предводеа протестите, ги симнаа шамиите, извикувајќи антивладини слогани и соочувајќи се со безбедносните сили на улиците, и покрај репресијата со кои групите за човекови права велат дека се убиени најмалку 215 луѓе, меѓу кои 27 деца.

Активистите упатија повик за нови протести додека започна иранската работна недела на 22 октомври, но беше тешко веднаш да се процени излезноста поради ограничувањата на пристапот до интернет.

„Во сабота ќе бидеме заедно за слобода“, рече активистката Атена Даеми во објава на Твитер на која имаше слика на жена без шамија со крената тупаница во воздух.

Каналот за социјални медиуми „1500tasvir“ соопшти дека имало „штрајкови во неколку градови, вклучувајќи ги Санандај, Букан и Саќез“, но додаде дека е тешко да се видат докази за нив на интернет бидејќи „интернет врската е премногу бавна“.