Парламентот на Црна Гора изгласа да бидат разрешени двајца прозападни министри од преодната влада на премиерот Дритан Абазовиќ.
41 просрпски пратеник од 81-члениот парламент вчеравечер гласаа за разрешување на министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ и министерот за одбрана Рашко Коњевиќ.
Абазовиќ ги обвини двајцата членови на прозападната социјалдемократска партија дека работат против интересите на владата.
Просрпските и проруските табори во Црна Гора се обидуваат да го соборат од функцијата прозападниот претседател Мило Ѓукановиќ и да го изведат пред суд за наводна корупција.
Ѓукановиќ ја предводеше Црна Гора до независност од Србија во 2006 година и во НАТО во 2017 година.
Владата на Абазовиќ е само на привремена основа, откако парламентот во август ѝ изгласа недоверба.
Абазовиќ е шеф на малата еко-либерална партија УРА и првично усвои прозападен став, но почна да води попросрпска политика откако дојде на власт преку промена на коалицијата во април.
Во август, Абазовиќ потпиша договор со Српската православна црква, која не го признава идентитетот на Црна Гора како посебна држава, тврдејќи дека договорот ќе помогне да се залечат длабоките внатрешни поделби.