Борис Џонсон се враќа од одмор во обид да ја освои премиерската позиција

Борис Џонсон.

Борис Џонсон одлучи да се врати од одмор во Велика Британија, бидејќи размислува за смел обид да добие втор премиерски мандат, само неколку недели откако беше принуден да поднесе оставка.

Некои од колегите на Џонсон предупредуваат дека неговото враќање може да создаде уште поголем политички хаос.

Потенцијалните кандидати за нов премиер, откако Лиз Трас драматично поднесе оставка во четвртокот по само шест недели на функцијата, почнаа да лобираат во текот на викендот за да обезбедат доволно номинации за да влезат во лидерската трка пред крајниот рок во понеделник на 24 октомври.

Џонсон, кој беше на одмор на Карибите кога Трас поднесе оставка и не кажа ништо јавно за тоа дали сака да се врати на старата работа, ја доби поддршката од десетици конзервативни пратеници, но мора да обезбеди 100 гласови потребни за да влезе во трката за премиер.

Секретарот за трговија Џејмс Дадриџ во петокот рече дека Џонсон му кажал дека е подготвен и дека ќе врати во Велика Британија во сабота.

Поранешната министерка за одбрана Пени Мордоунт стана првата кандидатка која официјално ја објави својата намера да се кандидира за следен лидер на Конзервативната партија, но Џонсон и Риши Сунак, некогаш неговиот министер за финансии, ја предводат групата пред гласањето следната недела.

Изгледите Џонсон да се врати во владата е поларизирачко прашање за многумина во Конзервативната партија, која е длабоко поделена по испраќањето на четворица премиери за шест години.

За некои конзервативни пратеници Џонсон е победник на гласањето, за други е токсичен и прашање е дали може да ги убеди десетиците пратеници кои го напуштија дека тој сега е личноста која може да ја обедини партијата.