Иранското Министерство за надворешни работи ги советува своите граѓани да се воздржат од патување во Украина „поради ескалацијата на воените конфликти и зголемувањето на несигурноста во Украина“. Министерството соопшти дека на Иранците во Украина им се советува да ја напуштат земјата „за да ги спасат своите животи и безбедноста“. Од руската неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари, двете страни водат жестоки битки во многу региони на земјата, особено на исток и југ. Во последниве недели, Русија започна низа напади со беспилотни летала казиказе врз градовите низ Украина, вклучувајќи го и Киев.
Белата куќа: ирански војници на Крим и помагаат на Русија во нападите врз Украина
Соединетите држави вчера соопштија дека Иран и помага на Русија да управува со беспилотните летала. Белата куќа соопшти дека Иранци биле на теренот на Крим и им помагале на Русите да ја таргетираат Украина со ирански беспилотни летала. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во телефонски разговор со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, според Техеран, „жестоко ги отфрлил тврдењата дека Иран и дал на Русија беспилотни летала за конфликтот во Украина“.