Ако не добијат плата до вторник (25 октомври), вработените во „Македонска пошта“, претрпијатие во државна сопственост, најавија протест пред Владата на Македонија.
Откако не добиле плата на 15 месецов, датум што според закон е одреден како краен во кој вработените во државата треба да земат плата, двете синдикални организации на Македонска пошта, втор ден по ред одржуваат предупредувачки протест за време на паузата.
Во претпријатието работат 2.200 вработени.
Бараат да им биде исплатена септемвриската плата и да не се доцни во иднина со исплатата на платите. Тие бараат да се подобрат нивните услови за работа, државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи.
Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов дека претпријатието со години има проблеми, а Владата нема цврст став за надминување на тие проблеми.
Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија информираше дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“.
Освен вработените во Македонски пошти, деновиве протестираа и вработените во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, на кои исто така им доцнат платите.
Поради тоа главниот град половина ден беше без јавен превоз.