Столтенберг: НАТО ќе дејствува доколку Шведска и Финска бидат под притисок

генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Сојузниците на НАТО ќе дејствуваат доколку Шведска или Финска бидат под притисок од Русија или друг противник дури и пред да станат полноправни членки на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Незамисливо е сојузниците да не дејствуваат доколку Шведска и Финска бидат под каква било форма на притисок“, рече Столтенберг на прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон кој најави дека Шведска појасно и подлабоко ќе се вклучи во антитерористичките активности на НАТО.

Шведската истрага за излевањата од „Северен тек“ ги зајакнуваат сомнежите за саботажа

Двете нордиски земји поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина, но беа соочени со противење од Турција која ги обвини за воведување ембарго за оружје на Анкара и за поддршка на групи кои ги смета за терористи. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу побара од Шведска и Финска да ги екстрадираат осомничените кои Турција ги бара поради обвиненија поврзани со тероризам, додека нордиските земји тврдат дека не се согласиле на никакви конкретни екстрадиции со потпишувањето на меморандумот.