Во Брисел почнува дводневен состанок на Европскиот совет по покана од претседателот Шарл Мишел. Лидерите на ЕУ ќе разговараат за континуираната поддршка на ЕУ за Украина и ќе ја проценат состојбата на цените на енергијата и безбедноста на снабдувањето, вклучително и мерките за оптимизација на пазарот и напредокот во намалувањето на побарувачката. Тие исто така ќе одлучат за какви било понатамошни активности што треба да се преземат.
Киев ги доби првите две милијарди евра од помошта од ЕУ
Овој состанок следи по неформалниот Европски совет одржан во Прага на 7 октомври, за време на кој лидерите на ЕУ разговараа за војната на Русија против Украина и влијанието што таа го има врз енергетската криза и економијата во Европа. Европскиот совет ќе разговара за најновите случувања во врска со руската агресивна војна против Украина, вклучително и нејзините последици во Украина и на други места. Европскиот совет ќе се осврне и врз односите ЕУ-Азија и ќе одржи стратешка дискусија за Кина. Лидерите на ЕУ ќе се подготват и за претстојниот самит ЕУ-АСЕАН, што ќе се одржи на 14 декември 2022 година.