Мачењето на затворениците во украински Изум е дел од „планска политика“ на Русија - ХРВ

Рутинската тортура од страна на руските сили на затворениците за време на нивната полугодишна окупација на источниот украински град Изум беше дел од „политиката и планот“, се вели во денешното соопштение на Хјуман рајтс воч (ХРВ). Изум, во регионот Харкив, беше преземен од руските сили по неиспровоцираната инвазија на Русија во февруари, а беше ослободен од украинските сили во минатиот месец. Во близина на градот беа пронајдени масовни гробници, а стотици тела беа ексхумирани, вклучително и 30 со знаци на тортура. „Руските сили и другите кои дејствуваат под нивна команда рутински ги мачеа затворениците за време на нивната шестмесечна окупација на Изум“, соопшти Хјуман рајтс воч.

Зеленски: пронајдени уште две масовни гробници во ослободениот Изум

ХРВ интервјуираше повеќе од 100 преживеани кои опишаа дека биле изложени на електрични шокови, фрлање вода, тешки тепања, закани со оружје и биле принудени да останат во стресни позиции долги временски периоди. Преживеаните идентификуваа најмалку седум локации во Изум, вклучително и две училишта, каде што рекоа дека војниците ги привеле и ги малтретирале. „Суровото насилство и злоупотреба во Изиум не беа случајни инциденти“, изјави Белкис Виле од ХРВ, додавајќи: „Повеќе жртви споделија веродостојни извештаи со нас за слични искуства на тортура за време на испрашувањето во објекти под контрола на руските сили и нивните подредени, што укажува дека овој третман бил дел од планска политика“.