Украинскиот преиер Денис Шмихал изјави дека Киев денеска примил 2 милијарди евра финансиска помош од ЕУ, што е прва транша од пакетот од 5 милијарди евра одобрен по почетокот на руската инвазија врз Украина.
„Дополнителните финансиски ресурси ќе помогнат во покривањето на буџетските трошоци, особено во социјалната и хуманитарна сфера“, напиша тој на сервисот за пораки Телеграм.
Шмихал рече дека Украина оваа година добила вкупно 4,2 милијарди евра макрофинансиска помош од ЕУ.
Украинската економија доживеа голем пад по рускиот воен напад што почна на 24 февруари. Поради тоа, западните земји, освен воена, ѝ пружаат и финансиска помош на Украина за да има пари за тековни трошоци.