Во Благоевград забрането отворање македонски културен клуб

Благоевград, Бугарија

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“. „Нашиот град нема да биде центар за слични пропагандни провокации“, се вели во декларацијата изгласана од Советот на Благоевград. Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Бугарски здруженија и клубови - или промена на име или бришење

Клубот „Никола Вапцаров“ се основа од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, а финансиски е помогнат од Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада, веќе има изнајмено простории во Благоевград. Отворањето на клубот беше закажано за 30 октомври.